| |
 |
Лозје
Лозјата на Чекорови се сместени во срцето на Тиквешкиот
регион. Овој регион дава услови за зреење на грозје
во суви и топли лета и благи зими со просечно количество
на
врнежи од 460 мм. Внимателно го избравме ридестиот
дел за засадување на лозјата, така што грозјето
може да се насладува со природните концентрирани вкусови
кои потекнуваат од добро сувата посна почва.
Третман на грозјето
Веруваме дека виното се прави
во лозјето и нашите техники
за правење на вино се засноваат
на природата. Оваа филозофија
се рефлектира и во рачната
берба и внимателниот
третман на грозјето за време
на ферментацијата и стареењето. 
Винар
М-р Кирил Чекоров е сопственик
на винаријата и главниот
произведувач на вино. После
триесет години работа за
најголемата
винарија во Македонија, тој
конечно го реализираше својот
сон да создава висококвалитетно
вино под брендот на Чекоров.
Кирил
Чекоров
несебично ја додава својата
љубов и енергија во изработката
на лимитираното количество
на врвно вино во кое уживаат
голем број љубители на вино.
Винарија
Винаријата Чекорови е фамилијарна
винарија. Основана е во 1998г.
од страна на семејството
на Кирил Чекоров,
а денес
винаријата е управувана од
нивната ќерка Дивна Јордановска
и нивниот зет кои целосно
се вклучени во процесот на
правење на вино. Целата фамилија
е комплетно посветена на
правењето на извонредно висококвалитетно
вино. |
 |
"Вината на Чекоров
се покажаа како едни од најдобрите вина
во Македонија. Бев многу изненаден од чистиот
препознатлив вкус на овошје - како и од
хармонијата на овие вина"
Вихелм
Опиц, Винар на светот за касна берба
за 96/97 г. |
|
|
|
| |
"Го имав задоволството
да работам со македонската винска индустрија
во последните две години и открив дека
вината Чекорови, особено виното Вранец,
се секако меѓу најдобрите македонски вина.
Оваа мала семејна винарија се гордее со
презентирање на квалитетни производи за
кои и самите корисници знаат дека се извонредни
вина"
Џон
Бри, Сопственик на винаријата Sutter
Ridge Creek, и експерт за вина |
|
|
| |
|
|
|
|
|