Добредојдовте Кои сме ние Зошто вината Чекоров Винска карта Занимливости Контакт
 
 
Назив: Вранец Чекоров
Тип: Суво црвено
Грозје: Вранец
Област на одгледување: Тиквешки вински регион
Површина: 2ха
Период на берба: Трета недела во септември
Број лози по ха: 4000
Принос по ха: 10000 кг
Принос по лоза: 2,5 кг
Произведени шишиња: 11.000 годишно
Винификација: Стар традиционален начин на правење на вино во Тиквешкиот регион. Бербата се врши во мали перфорирани пластични гајби од по 20 кг. Се носи во винаријата за преработка најдоцна за час или час и половина. Грозјето се одделува од дршките со муљач-руљач од италијанско производство со капацитет од 2.000 кг на час. Пресувањето се врши со конвенционална рачна преса со капацитет од 300 кг/х
Ферментација: Во мали буриња од нерѓосувачки челик од 1000 литри. Траење на ферментацијата 5-8 дена. Температура на ферментација 25-30 степени Целзиусови.
Алкохолна јачина: 13 % вол.
Вкупна киселост: г/л 5,5
Пх: 3,6
Екстракти: 30 г/л
Остаток на шеќер: 8 гр..
Зреење: 1 година во буре, 2 години во шише
Органолептички карактеристики:
Боја: Виолетова/рубин црвена
Буке: Карактеристично за сортата
Мирис: Полна овошна арома со мирис на ситно овошје, сува слива, мед и чоколадо
Вкус: Вранецот е најуникатното македонско вино со силно тело и заокружен, суптилен вкус
Се препорачува со: Телешко, свинско, дивеч и црвени меса
Зафатнина: 750 мл.
 
  назад
 
©2005, Винарија Чекорови, Кавадарци. Сите права се задржани
created & designed by: Login Systems  
English