Добредојдовте Кои сме ние Зошто вината Чекоров Винска карта Занимливости Контакт
 
 
Назив: Ризлинг Чекоров
Тип: Суво бело
Грозје: Рајнски Ризлинг
Област на одгледување: Тиквешки вински регион
Површина: 1ха
Период на берба: Втората недела од септември
Број лози по ха: 4000
Принос по ха: 12000 кг
Принос по лоза: 3 кг
Произведени шишиња: 4.000 годишно
Винификација: Стар традиционален начин на правење на вино во Тиквешкиот регион. Бербата се врши во мали перфорирани пластични гајби од по 20 кг. Се носи во винаријата за преработка најдоцна за час или час и половина. Грозјето се одделува од дршките со муљач-руљач од италијанско производство со капацитет од 2.000 кг на час. Пресувањето се врши со конвенционална рачна преса со капацитет од 300 кг/х
Ферментација: Во мали буриња од нерѓосувачки челик од 500 и 700 литри. Контролирана ферментација се обавува со помош на систем за ладење. Се користи селекциониран квасец за Ризлинг. Температура на ферментација од 13-15 степени Целзиусови. Траење на ферментацијата од 10-14 дена.
Алкохолна јачина: 12 % вол.
Вкупна киселост: г/л 6,3
Ph: 3,3
Екстракти: 25 г/л
Остаток на шеќер: 5 гр..
Зреење: 1 година во буре, 1 година во шише
Органолептички карактеристики:
Боја: Златно зелена
Буке: Специфично за сортата
Мирис: Микс на ароми на праска, јагода, цитрусно овошје, зелено јаболко со допир на цветни ароми . Добро-избалансирана арома, киселини, танини, овошје и слаткост. Киселост со пријатна но не преовладувачка јачина.
Вкус: Сув и свеж со допир на зелено јаболко
Се препорачува со: Риба, морска храна, пилешко и бели меса,
Зафатнина: 750 мл.
 
  назад
 
©2005, Винарија Чекорови, Кавадарци. Сите права се задржани
created & designed by: Login Systems  
English